Македонската фудбалска репрезентација в четврток во Тбилиси ќе го одигра дуелот против Грузија во кој директно решаваме за пласман на Европското првенство.
Оваа генерација на фудбалери предводена од селекторот Игор Ангеловски и капитенот Горан Пандев има историска шанса за прв пат една сениорска фудбалска селекција на Македонија да се најде во завршницата на континенталното првенство.
“Конечно дојде собирот и подготовките за нашиот историски натпревар. Четири, пет години се бориме за ова и сега е време да се подготвиме за најважниот натпревар во историјата на македонскиот фудбал. Јас и цела репрезентација ветуваме дека ќе го дадеме максимумот за да ја оствариме целта. Ќе биде сосема поразлично од претходните натпревари. Срцето и желбата за победа ќе решаваат. Знаеме кои се добри, а кои лоши страни на Грузијците, но овие денови ќе ги анализираме и се надевам на многу позитивни работи. Имаме многу големи натпревари зад нас, не чувствуваме притисок. Гордо ќе ја претставуваме Македонија и се надевам дека ќе се пласираме на Европското првенство”, истакна Илија Несторовски.
ФОТО: Игор Паневски