Спорт Фудбал

Пандев не може да и се приклучи на репрезентацијата

Поради одлуката на здрваствените власти во одредени региони во Италија, репрезентативците од Џенова, Фиорентина, Интер, Лацио, Рома и Сасуло нема да можат да им се приклучат на националните тимови кои во текот на следниве две недели ги очекуваат настапи во Лигата на нации или баражите за пласман на Европското првенство.

На листата на играчи на кои не им е дозволено да им се приклучат на репрезентациите покрај нашиот капитен Горан Пандев се Хенрик Мктарија, Дејан Кулушевски, Ромелу Лукаку и уште 22 фудбалери од Европа и Јужна Америка плус 13 репрезентативци на Италија.

ИГРАЧИ КОИ НЕ МОЖАТ ДА ИМ СЕ ПРИКЛУЧАТ НА РЕПРЕЗЕНТАЦИИТЕ

Македонија: Пандев
Словачка: Шринијар
Данска: Ериксен, Шоне
Хрватска: Перишиќ, Брозовиќ
Србија: Миленковиќ, Коларов, Влаховиќ, Милинковиќ-Савиќ
Белгија: Лукаку
Холандија: Де Вриј
Словенија: Хандановиќ, Зајц
Албанија: Кумбула, Стракоша
Ерменија: Мктаријан
Полска; Драговски
Чиле: Пулгар, Алексис Санчез, Видал
Аргентина: Кореа, Лаутаро Мартинез, Куарта
Италија; Бираги, Кастровили, Кристанте, Манчини, Гаљардини, Барела, Д’Амброзио, Дармијан, Бастони, Ачерби, Локатели, Капуто, Берарди

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Фудбалерките на Љуботен триумфираа во Купот на Македонија

Дејан Дејан

Одбојкарите во полн состав утре ги почнуваат подготовките за Златната лига

Дејан Дејан

Родриго повеќе не сака да игра за Реал Мадрид

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе