Германската канцеларка, Ангела Меркел денеска соппшти дека нејзината влада ги разгледува етичките правила за тоа кои граѓани треба да бидат први вакцинирани против коронавирусот, откако ќе се одобрат вакцините. Меркле потенцира дека никој нема да биде присилно вакциниран.
Од Берлин порача дека Германија ги презема сите мерки да ја направи популацијата како целина – имуна на вирусот.
Институтот Роберт Кох, вчера соопшти дека германските држави вчера пријавиле нови 23илјади и 300 случаи, надминувајќи го рекордот од претходниот ден, кога за прв пат во Германија имаше повеќе од 20 000 случаи, за само 24 часа.