Бајден никогаш не бил поблиску до победа која може уште денеска да биде прогласена. Напнатите американски избори се пред сама разрешница. После пребројувањата, Бајден може да биде прогласен за нов американски претседател. Тој го пресврте резултатотво две клучни држави.
Прво, во Џорџија, а потоа и во Пенсилванија која е уште позначајна, бидејќи носи дури 20 електорски гласови. Во Пенсилванија сега има комотна предност од речиси 30.000 гласови, на 99% од преброените гласови, што е недостижна предност. Во Џорџија е во предност за околку 4.000 гласови, исто на 99% од ппреброените гласови. Синоќа Бајден ја зголеми предноста и во Невада.
Во говорот која граѓаните го следеа и пред Белата куќа, рече дека не објавува конечна победа, но дека ќе победи во оваа трка. Изборите ги оцени како тешки и тензични.
Се уште немаме конечна изјава за победа, но бројките ни велат дека тоа е јасно. Јасна и убедлива е приказната дека ќе победиме во оваа трка. Погледнете само што се случи вчера. 24 часа заостанувавме во Џорџија, сега напредуваме и победуваме во таа држава. Пред 24 часа заостанувавме во Пенсилванија и победуваме во Пенсилванија. А сега само напред. Повторно победуваме во Аризона. Исто и во Невада. Всушност нашето водство само што се удвои во Невада. На пат сме да добиеме повеќе од 300 електорски гласови, гласови на изборните колеџи – Џо Бајден, демократски кандидат за претседател на САД.
Четири дена после американските избори, се уште не е познат победникот, но кандидатот на демократите Џо Бајден се обиде да ја обеди нацијата, повикувајќи ги Американците да ја тргнат настрана „бесот и демонизацијата“. Аналитичарите оценуваат дека Бајден ќе биде прогласен за победник.
Мислам дека, Бајден смета дека победил на изборите, во основа рече дека гласовите и понатаму се бројат, но тој е пред победа и со сигурност очекува дека утре ќе биде прогласен за победник. Говорот го заврши велејќи: “Се надевам дека ќе се видиме утре“ – Вил Вејсерт, аналитичар.
Досега Бајден има 264 електорски гласови, а Трамп – 214. За влез во Белата куќа, еден од двајцата кандидати треба да освои најмалку 270 електорски гласови.
Актуелниот американски претседател Доналд Трамп денеска на Твитер истакна дека неговата голема предност што ја имаше за време на изборната ноќ во некои сојузни држави „за чудо исчезна“.
„Имав толку голема предност во сите овие држави до доцна во ноќта на изборите, само за да видам како тие предности со чудо исчезнуваат како минуваат деновите. Можеби тие предности ќе се вратат како што напредуваат нашите правни процедури”, објави Трамп на Твитер.
Иако Си-Ен-Ен јавува дека во штабт на Бајден се подготвува негиот претседателски говор, Трамп му се обрати на демократскиот кандидат преку Твитер дека нема право да тврди дека победил на изборите, бидејќи правните постапки штотуку почнуваат.
Судијата на Врховниот суд на САД, Самјуел Алто им нареди на изборните комисии во Пенсилванија да ги одвојат гласовите што пристигнале по пошта.
Републиканците бараат од донаторите 60 милиони долари за финансирање на судските тужби на претседателот Доналд Трамп поврзани со американските избори.
Билјана Ставрова