Со победата од 25:23 на гостувањето во Швајцарија, македонската ракометна репрезентација направи крупен чекор кон уште пласман во завршницата на континенталните шампионати.
Нашата селекција добро го отвори натпреварот и имаше предност скоро во текот на целото прво полувреме, а разликата не беше изразена со повеќе од два гола.
Во финишот не успеавме да реализираме неколку напади, противникот со серија од 3:0 поведе со 10:9, но во завршицата од првиот дел успеавме да стигнеме до израмнување на резултатот на 10:10.
Двете селекции беа резултатски израмнети во почетната фаза од второто полувреме. Во еден момент Швајцарија со три последователни погодоци поведе со 18:15, а откако селекторот Данило Брестовац побара тајм-аут, македонската репрезентација играше далеку подобро и во период од пет минути со серија 5:0 стигна до водство од 20:18 и до крајот на мечот ја одржуваше разликата за конечен триумф од 25:23.
Капитенот Кире Лазаров со шест гола повторно беше најефикасен во нашиот тим. пет пати во листата на стрелците се запиша Стојанче Стоилов, а по четири пати прецизни беа Гоце Георгиевски и Филип Кузмановски.
Во вториот натпревар од нашата квалификациска група Данска како гостин ја совлада Финска со 40:22.