Вести Македонија

Уставниот суд го одложи одлучувањето за аболицијата

Неуспешен обид на уставните судии по четири години да одлучат дали поранешниот претседател Иванов имал право да ја повлече дадената аболиција. Судијата Осман Кадриу побара одлучувањето за оваа точка да се одложи и повторно да се отвори расправа бидејќи двајца судии известители имале различни предлози.

За предлогот гласаа половина од судиите, а останатите констатираа дека нивната одлука веќе доцни и час поскоро треба да одлучат.

Изедначеното гласање 4 спрема 4, придонесе целата седница да биде одложена за 12 дена без усвоен дневен ред.

Пред точно една година, судијата известител Владимир Стојановски предложи, а мнозинството судии прифати да се поведе постапка за членот 11-а од Законот за помилување. Образложението беше дека се внесува правна несигурност доколку на претседателот му се дава можност да аболицира, а потоа да се премисли. Во јавноста, одлуката беше протолкувана како обид да се врати во сила аболицијата на Груевски, Мијалков, Јанкуловска, Јанакиески и други функционери и раководни лица поврзани со прислушуваните разговори и со истраги и предмети на СЈО. Откако мандатот на Стојановски пролетта истече, предметот го презеде судијата Дарко Костадиновски, кој беше советник на Иванов токму во периодот на аболицирањето. Тој дава поинаков предлог-поведената постапка да се стопира.

Несогласувањата меѓу уставните судии се продолжение на повеќегодишната дебата: дали Иванов воопшто имал право на ваква аболиција за да поштеди од прогон 50-тина тогашни функционери.

Дел од обвинетите се обратија до Судот во Стразбур. Меѓународниот суд се уште го чека одговорот од македонската држава.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе