Спорт Фудбал

Манчестер Јунајтед контактирал со Почетино

Според пишувањето локалните медиуми претставници на Манчестер Јунајтед контактирале со менаџерот на поранешниот тренер на Тотенхем, Маурисио Почетино.

Иако во клубот од Олд Трафорд тврдат дека во моментов не размислуваат за евентуална смена на Оле Гунар Солшер сепак овој потег навестува дека постои реална можност соработката со Норвежанецот набргу да биде прекината.

Притисокот за смена за Солшер се зголеми по последните два порази во Лигата на шампионите од Башакшехир и Премиер лигата од Арсенал.

Практично Манчестер Јунајтед во последните четири настапи по два во елитното натпреварување и домашното првенство има само една победа и тоа против Лајпциг во Лигата на шампионите, но судбината на Солшер ќе зависи од резултатот на следниот меч против Евертон и доколку “Црвените ѓаволи” не победат ќе се најдат многу блиску до дното на табелата во Премиер лигата.

Почетино во моментов е без ангажман откако минатата година ја прекина соработката со Тотенхем.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: ТФТ го совлада Работнички и поведе со 2:0

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Фудбалерките на Љуботен триумфираа во Купот на Македонија

Дејан Дејан

Одбојкарите во полн состав утре ги почнуваат подготовките за Златната лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе