Македонија

Коронавирусот на истокот раширен во фабриките и во државните институции

Коронавирусот на истокот раширен меѓу работниците во фабриките, но и во општинските и државни институции. Локалните власти смируваат дека засега проблеми со работењето немаат, иако дел од вработените им се зарзени, а дел во изолација поради контакти. Битката со вирусот во болнички услови ја загубија тројца пациенти од источниот регион, од кој и 38 годишен виничанец

Кластери  одамна нема во Штип. Работници во неколку конфекции, но и во локални и државни институции, како и двајца наставници од вторите одделенија во училиштата „Гоце Делчев“ и „Димитар Влахов“ се дел од рекордните 50 позитивни случаи во Штип. 45 ученици од овие две училишта заминаа во изолација. Од општината велат дека  се на терен. Постојано прават дезинфекција во градинките, училиштата, како и на остантите јавни површини, со цел да се спречи ширењето на вирусот. Бројот на вработени низ институциите се преполовува.

Црната статистика на штипското Инфективно одделение говори дека  починале тројца пациенти, од кои еден и на 38 годишна возраст од Виница, кој бил хоспитализиран во ковид центарот во многу лоша состојба. Во моментов на ова одделение се лекуваат 45. додека на Кожно седум пациенти, а кочанската болница веќе размислува и да го адаптира и одделението за физикална терапија за пациентите инфицирани со коронавирусот,  на кои им треба болничко лекување.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Битолскиот суд „одмрзна“ три милиона евра на компанијата „Руд Коп“ – на барање на Обвинителството повторно ги блокира

Дејан Дејан

Врховен ја поништи зголемената пресуда за дрога на Васил Јованов – Апелација го осудила без да го викне

Дејан Дејан

Спасовски: Законот за трагедијата во Кочани е морална и институционална обврска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе