Македонија

Почина 21-годишен кавадарчанец, брат на момчето кое деновиве и подлегна на короната на Инфективнатa клиника

Почина 21-годишен кавадарчанец, брат на момчето кое деновиве на Инфективната клиника ја загуби битката со Ковид-19. Градоначалникот Митко Јанчев на својот фејсбук-профил објави дека ова е тажен ден за Кавадарци.

– За жал, денеска изгубивме уште еден млад човек кој не успеа да се избори со оваа страшна пандемија. Пред два дена го изгубивме едното момче на 26-годишна возраст, денеска почина и неговиот брат на 21-годишна возраст. Трагедијата е огромна и нема зборови кои можат да дадат утеха на семејството во овие моменти. Заедно со Советот на  Кавадарци изразуваме длабоко сочувство до таткото на починатите братчиња и нивниот брат и поширокото семејство. Пандемијата однесе два човечки животи на двајца браќа во период од 3 дена, немоќни сме да се бориме и да дадеме утеха. Уште еднаш изразуваме длабоко сочувство и стоиме на располагање за помош на семејството кое е погодено од огромна трагедија. Да се чуваме сите и што поскоро да ги поминеме овие тешки денови, напиша Јанчев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Македонскиот идентитет се брише од извештајот на талибански начин

Дејан Дејан

Ковачев: Постигната согласност да се отстранат термините „македонски јазик“ и „македонски идентитет“ од извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Одбиено обвинението против Максим Димитриевски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе