Сосема неочекувано Зоран Кастратовиќ од денеска повеќе не е тренер на Металург.
Стратегот кој тимот од Автокоманда го презема пред една година се повлече од тренерската функција на почетокот од новата сезона во која Металург успеа да се пласира во фазата по групи од второто по ранг клупско натпреварување на Стариот континент, Лига Европа.
Во изјавата за порталот Екипа, сега веќе поранешниот тренер на Металург изјави дека си поднел оставка поради финансиски причини.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.