Германскиот прволигаш Вердер објави дека нема да им дозволи на своите фудбалери да настапуваат за своите националните тимови во текот на ноемврискиот сегмент на натпревари од Лигата на нации.
Во тимот од Бремен настапуваат Австриецот, Марко Фридел, Милош Вељковиќ од Србија, Милот Рашица од Косово, Јапонецот, Јуја Осако и Американецот, Џор Сарџент.
Единствен кој доби дозвола да биде дел од националниот тим е голманот Јиржи Павленка кој може да настапи за селекцијата на Чешка на контролниот натпревар со Германија што ќе се одигра на 11 ноември во Лајпциг.
Со овој потег Вердер не ги крши правилата на ФИФА која им дозволува на клубовите на играчите да им забрани настап за репрезентациите доколку при враќањето во клубот тие се обврзани да одат во изолација во период кој не е покус од пет дена.
Инаку здравствените власти во Бремен пропишуваат превентивна изолација за сите луѓе кои доаѓаат од други земји.