Македонија

Судењата продолжуваат да се одложуваат, надлежните допрва ќе бараат решение за да нема застарувања и застој

Двајца обвинети, позитивни на Ковид 19 и еден обвинет кој чека резулатати од тестирањето ги одложија судењата за Титаник за изборните измами и Талир 2  за седиштето на ВМРО ДПМНЕ. Уште колку други судења кои јавноста не ги следи се одложиле деновиве поради Ковид 19 точна бројка нема, но она што ги загрижува и судските власти и јавноста е опасноста дел од предметите да застарраат или пак да се враќаат на почеток поради неодржано рочипште во период од 90 дена, доколку продолжи овој тренд и во текот на зимата.

За он лајн судења треба измени во ЗКП  за што е потребна тешко достижната двотретинска поддршка во парламентот.

Министерот за правда Бојан Маричиќ јавно ги повика претставниците на судско обвинителската фела заеднички да изнајдат практично решение со кое нема да дојде да нема одлоголекување и застарувања на предметите

Најдобро дискусијата да продолжи и да се бара заедничко решение кое што ќе функционира во пракса и кое што нема да дозволи или да придонесе да има преголем застој во кој било случај, без разлика дали се работи за кривични предмети или за граѓански предмети. Ние со тие застои со години во минатото се боревме како држава и како правосуден систем и затоа не треба да дозволиме тоа да се повтори, изјави министерот за правда.

Претставниците на правосудството пак деновиве ја повикаа извршната власт да изнајде решение. Претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев рече дека очекува законско решение по примерот на уредбата за време на вонредната состјба со која во мирување беа ставенеи сите рокови.

И државниот обвинител Љубомир Јовески размислува во слична насока

Сериозно се наметнува прашањето за застарување на кривично гонење на предмети и доколку законодавецот смета за потребно може да се извршат соодветни измени на роковите за застареност или кај определни кривични дела да се подигнат предвидените санкции. Но и во тој случај се наметнува пршањето дали тие одредби може да важат ретрокативно. Може да се преоцени и потребата од дополнување на КЗ (Кривчен законик) со одредба дека за време на пандемија, роковите на застареност не течат, вели во изјава за Телма државниот обвинител Љубомир Јовески.

За да се спречи ширењето на вирусот во судниците Јовески предлага прилагодување на судниците со здравстените протоколи но доколку нема доволен број на поголеми судници предлага да се користат и просотории надвор од судовите.

Претседателеот на судскиот совет Здравев пак најави став во наредните деновиве, бидеjки денеска беше зафатен со собраниската седница на која се дискутира нивниот предлог за уставен судија.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе