Македонија

Од денеска судската такса ќе ги чини граѓаните најмногу 6000 денари

Стапува на сила новото законско решение со кое се значително се намалуваат судските такси. Ако порано таксите достигнуваа сума до 48 илјади денари од денеска граѓаните што тужат ќе платат најмногу 6000 денари. Правдата ќе биде подостапна за сите, смета министерот за правда според кого граѓаните често се откажувале од судска заштита на своите права, поради високите судски такси. Тој очекува намалувањето на на овие трошоци да биде во интерес на адовкатите и вештаците бидјеки граѓаните  ќе бидат охрабрени по судски пат стигаат до правдата. Маричиќ и преку примери го презентираше намалувањето на судските такси.

– На пример, ако тужите осигурителна компанија за надомест на штета во вредност три милиони денари. Судската такса која треба да ја платите е 2% од вредноста на спорот. Во овој случај граѓанинот ќе требаше да го даде максималниот износ од 48 000 денари. Сега според донесениот измени, давачката ќе биде 6 000 денари. Доколу е потребно да ја истерате правдината до крај и да го искористите сите редовни и вонредни правни лекови, по старата тарифа ќе платевте вкупно 288 000 денари судски такси односно 2% за тужба, 2% за одлука, за жалба 4% и за ревизија 4%. По новата судска такса, за ова најмногу може да потрошите вкупно 36 000 денари или 252 000 помалку ако се жалите, изјави министерот Маричиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе