Спорт Фудбал

Реал Мадрид преговара за трансфер на Алаба

Дефанзивецот на Баерн, Давид Алаба не успеа да се договори за продолжување на соработката со Баварците и следното лето тој ќе има статус на слободен играч и ќе биде еден од најатрактивните фудбалери на трансфер пазарот.

Менаџерот на Алаба, Пини Захави веќе имал контакти со претставници на Реал Мадрид, а во следниот период ќе договараат условите под кои 28 годишниот репрезентативец на Австрија би се преселил во Мадрид.

Покрај Кралскиот клуб интерес за Алаба покажаа Ливерпул и Јувентус, а Барселона која во еден момент беше блиску до негово ангажирање очигледно се повлече од преговорите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: ТФТ го совлада Работнички и поведе со 2:0

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Фудбалерките на Љуботен триумфираа во Купот на Македонија

Дејан Дејан

Одбојкарите во полн состав утре ги почнуваат подготовките за Златната лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе