Спорт Фудбал

Нови четири позитивни случаи во Динамо

По редовното тестирање на фудбалерите пред натпреварот во Лига Европа против Волфсбергер, првакот на Хрватска, Динамо Загреб објави дека се регистрирани четири позитивни случаи на инфекција со коронавирусот.

По враќањето од Москва и мечот во Лига Европа против ЦСКА, позитивни резултати од тестирањата имаа тренерот Зоран Мамиќ, двајца членови на стручниот штаб и еден фудбалер.

Според протоколот следуваше ново тестирање пред утрешното соочување со претставникот на Австрија по кое се детектирани уште четири случаи, но клубот се уште не ги објави имињата на фудбалерите кои имаат позитивни резултати.

Претпладнево на клупската веб страница е објавена информација во која се потенцира дека на натпреварот од 3. коло во Лига Европа против Волфсбергер нема да настапат вкупно девет играчи, а местото на тренерот Мамиќ ќе го заземе еден од неговите помошници Ален Петернац.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ: Се замислувам во пензија на плажа со Федерер и Надал како пиеме коктели

Дејан Дејан

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе