Натпреварот од 7. група од квалификациите за пласман на Европското првенство меѓу селекциите на Данска и Швајцарија кои воедно се и наши ривали за настап на континенталниот шампионат е одложен за утре.
Почетокот на натпреварот требаше да се игра вечерва од 20 часот во Архус, но е одложен по барање на гостите кои морале да ги почитуваат здравствените протоколи во земјата.
Се уште нема реакција од страна на ЕХФ дали поместувањето на одигрувањето на мечот во Архус ќе влијае врз распоредот на натпреварите во второто коло со оглед на фактот дека Швајцарија е нашиот следен противник во квалификациите, а дуелот е предвиден да се игра в сабота со почеток од 18 часот и 30 минути.
Денеска на програмата се шест натпревари од првото коло во квалификациите за настап на Европското првенство што ќе се одржи во 2022 година.
РАКОМЕТ – КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП
МАКЕДОНИЈА – ФИНСКА 20:00 ч
ХОЛАНДИЈА – ТУРЦИЈА 20:00 ч
АВСТРИЈА – ЕСТОНИЈА 20:25 ч
ЦРНА ГОРА – КОСОВО 20:30 ч
ПОРТУГАЛИЈА – ИЗРАЕЛ 20:30 ч
ИСЛАНД – ЛЕТОНИЈА 20:45 ч
УТРЕ:
УКРАИНА -РУСИЈА 16:00 ч
ГЕРМАНИЈА – Б и Х 16:15 ч
РОМАНИЈА – ШВЕДСКА 18:10 ч
ДАНСКА – ШВАЈЦАРИЈА 20:00 ч