Ковид19 Свет

Рекорден број нови случаи на Ковид-19 во Грција, 2.166 новозаболени

Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 2.166 новозаразени со коронавирусот, што претставува нов негативен рекорд на дневни случаи во земјата, починаа 13 лица.

Зголемен е бројот и на пациенти приклучени на апарати, вкупно 169 лица, 16 повеќе од вчера.

Од денешните 2.166 случаи, повеќе од половината се во Солун (595) и областа Атика, поширокиот дел на Атина (542 новозаразени).

На денешната редовна прес-конференција за Ковид-19 во Министерството за здравство на Грција, професорот епидемиолог Гикас Мајоркинис објасни дека во областа Атика има за 30 отсто зголемување на бројот на случаи во споредба со минатата седмица, додека, пак, во Солун има четирипати поголема раширеност, споредбено со бројот на жители.

Професорот рече дека во просек, бројот на починати дневно е околу десет лица.

Од почетокот на епидемијата, во Грција се регистрирани 44.246 случаи на со Ковид-19, а починаа 655 лица.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Минатогодишниот победник на Евровизија, Немо, ја отвори финалната вечер во венчаница и шубара

Дејан Дејан

Судир меѓу два хеликоптери во Финска

Дејан Дејан

Канцеларот Мерц ја брани новата миграциска политика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе