Ковид19 Свет

Нов рекорд на новозаразени во Албанија, Рама најави набавка на брзи тестови

Повторно негативен рекорд на новозаразени во едноденоноќие во Албанија, каде кај 23 отсто од тестраните е дијагностициран Ковид-19.

Според министертвото за здравство и социјална заштита од направените 1.684 тестови позитивен резултат е довиен кај 381 што е највисока бројка во едно деноноќие од почетокот на пандемијата или 80 повеќе од вчера.

-Битката со опасниот вирус ја добија 106 со што бројката на оздравени се зголеми на 11.437 лица. За жал битката ја загубија пет пациенти или 532 до сега. И понатаму загрижува и постојаниот раст на оние на кои им е потребно болничко лекување. Во моментов, во трите ковид болници се лекуваат 336 пациенти, информираше министертвото.

До сега направени се вкупно 129.822 теста, позитивни на Ковид-19 биле 21.904 додека активни на болеста се 9.899 од нив 4.968 се во Тирана,која и понатаму е главно жариште на болеста.

Во меѓувреме премиер Еди Рама денеска најави дека набрзо ќе бидат набавени брзи тестови образоложувајќи дека „до сега тоа не било напоравено бидејќи Комитетот на експерти за заразни болести сметал дека треба да има само ПЦР – тестови“.

Според него веќе е подготвена за прием на пациенти и четвртата ковид болница.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Минатогодишниот победник на Евровизија, Немо, ја отвори финалната вечер во венчаница и шубара

Дејан Дејан

Судир меѓу два хеликоптери во Финска

Дејан Дејан

Канцеларот Мерц ја брани новата миграциска политика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе