Фудбалската федерација на Италија отвори истрага против Лацио под сомневање дека римскиот клуб не ги почитувал протоколите за безбедност и спречување на ширењето на инфекцијата од коронавирусот.
Истрагата има за цел да утврди дали во последниов период кога во клубот се регистрирани голем број на позитивни случаи се почитувале протоколите и што е причината за зголемениот број на инфицирани фудбалери и членови на помошниот персонал.
Весникот Il Messaggero пишува дека УЕФА го стопирала настапот на Чиро Имобиле, Лукас Леива и Томас Стракоша на утрешниот натпревар со Зенит иако од Лацио тврдат дека сите резултати се лажно позитивни и сметаат дека проблемот е во тестовите, а не во почитувањето на протоколите.