Најважни Свет

Кулуминација на претседателската трка во САД

На мирен изборен ден граѓаните на САД го бираат идниот претседател помеѓу актуелниот шеф на државата, републиканецот Доналд Трамп и демократскиот кандидат Џозеф Бајден.

Според анкетите Бајден води во шесте одлучувачки држави – Флорида, Пенсилванија, Мичиген, Вашингтон, Северна Каролина и Аризона.

Американците ги дочекаа изборите поделени и незадоволни, какви што не биле уште од времето на Виетнамската војна 1970 година. Веќе гласаа без малку 100 милиони. Експертите предвидуваат дека по рекордното предвремено гласање поради пандемијата, САД е на пат да запише највисок одзив, кој би можел да биде поголем отколку во 2016, кога гласаа 138 милиони луѓе.

И Трамп и Бајден се убедени во истото – дека ќе освојат победа. Бајден на твитер напиша: Се кандидрам како демократ, но ќе владеам како американски претседател. Ќе работам и со демократите и со републиканците, и за оние кои не ме поддржуваат ќе работам подеднакво, бидејќи тоа е работата на претседателот.“

Се уште актуелниот претседател Трамп, кој за три дена одржа 14 митинзи, изборите ќе ги следи од резиденцијата каде ќе пречека 100-тина гости. Тој пак на Твитер го објавои својот промотивен спот со кој ги повикува граѓаните на гласање.

Но, во заеднички коментар во денешниот Вашингтон пост, двјаца поранешни обвинители предупредуваат да не се одбива да се прифатат изборните резултати. Мајкл Мекејзи и Ерик Холдер пишуваат дека иако првиот амандман им го гарантира на луѓето правото да ги демострираат своите ставови, не им дава право на мислење ако не е постигнат политичкиот резултат кој го посакувале.

Од ЕУ, пораката стигна од германскиот министер Хајко Мас, кој потенцираше дека од новиот претседател се очекува нов договор за функционално трансатлантско партнерство.

Ова се значајни избори и за улогата на Соединетите држави во светот. Бидејќи без оглед на резултатот, има многу стратешки прашања што можеме и сакаме да ги решиме само со Америка заедно. За ова ни треба функционално трансатлантско партнерство. Ние сакаме “нов договор” во ова партнерство. И ние сме подготвени да инвестираме во нашата врска за да можеме да се справиме со овие глобални прашања како трансатлантски партнери во иднина и да го сториме тоа на заедничка основа, порача Мас.

Изборниот систем во САД е единствен, бидејќи не мора да победи кандидатот кој ќе освои најмногу гласови на ниво на целата земја, но кој „собира“ најмалку 270 од 538 т.н. електорални гласови.

За да остане во Белата куќа, Трамп мора да победи во сите „колебливи држави“ во кои, според анкетите е изедначен со Бајден (Флорида, Северна Каролина, Аризона) или е фаворит (Тексас, Охајо, Ајова, Џорџија), но исто така мора да задржи две од трите клучни држави на средниот запад (Пенсилванија, Мичиген, Висконсин) или една од нив под услов да не е Висконсин.

Бајден, за да стане претседател, со очекуваните победи во Невада, Минесота и Њу Хемпшир, каде важи за фаворит, мора да ги победи Пенсилванија и Мичиген и Висконсин, каде анкетите му даваат јасна предност.

Одлучувачка држава, како и секогаш кога трката е неизвесна, може да биде Флорида.

Изборите се случуваат после најцрната седмица во Америка, каде од коронавирусот секојдневно умираат по повеќе од 1.000 луѓе.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Минатогодишниот победник на Евровизија, Немо, ја отвори финалната вечер во венчаница и шубара

Дејан Дејан

Судир меѓу два хеликоптери во Финска

Дејан Дејан

Канцеларот Мерц ја брани новата миграциска политика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе