Кошарка Спорт

Кошаркарките почнаа со тренинзи во Охрид

Македонската женска кошаркарска репрезентација почна со подготовките за настап на двата квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство што ќе се одиграат во Рига.

Избраничките на селекторот Владимир Ѓоровиќ тренираат во Охрид, а во следниве денови се очекува на колешките од националниот тим да им се приклучат уште неколку кошаркарки кои имаат обврски кон своите клубови.

“Дојдовме во Охрид со намера да одработиме најдобро што можеме во оваа недела која е пред нас. Од голема корист е што ќе ни се приклучат Митрашиновиќ, Николиќ и Бонер. Се надевам дека со нив три, ќе го подигнеме нивото на тренинзи. И дека по одработената недела во Охрид, атмосферата на тренинзите ќе ја пренесеме и на теренот, односно на натпреварите во Рига. Но пред сè, најважно ни е да останеме здрави сите. И со една цел – победа”, изјави за веб страницата на КФСМ, Нена Трајчевска.

Нашите кошаркарки во Охрид ќе тренираат до осми ноември, а потоа заминуваат за Летонија каде ќе ги одиграат натпреварите против Хрватска и Германија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ивановски на чекор до пласман на главниот турнир

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Ивановски и Поп Арсова победници на HalkEco Скопје Трча

Дејан Дејан

Победа против Литванија за пласман на Европското првенство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе