По објавувањето на веста дека репрезентацијата на САД ќе добие покана за настап на Светското првенство кое следната година ќе се одржи во Египет се намалија шансите нашата селекција да биде дел од собирот на најдобрите национални тимови на планетава.
Поради пандемијата квалификациите за Северна Америка и Карибите се откажани, а регионалната федерација побара од ИХФ да реши која репрезентацијата ќе биде дел од Мундијалот во Египет.
Според оваа одлука Американците ќе бидат дел од Е конкуренцијата заедно со селекциите на Франција, Норвешка и Австрија.
ИХФ има можност да додели уште една покана за учество, а шансите за Македонија да биде дел од Светскиот шампионат се намалија откако Јужно-американската асоцијација најави дека дел од првенството ќе биде Чиле.