Ракомет Спорт

По тројца ракометари и членови на стручниот штаб со позитивни резултати

Во пресрет на квалификациските натпревари за обезбедување пласман на Европското првенство против репрезентациите на Финска и Швајцарија, согласно протоколот од ЕХФ и протоколот за спроведување на ракометните натпревари, Ракометна Федерација на Македонија пред започнување на собирот спроведе тестирање на ракометарите и стручниот штаб на сениорската машка ракометна репрезентација за рана детекција на COVID–19.

Ракометната федерација на Македонија информираше дека  шест лица кои се дел од националниот тим се позитивни на корона вирусот:

Позитивни резултати од ракометарите имаат Марио Танкоски, Мартин Велковски и Мартин Поповски како и членовите на стручниот штаб Александар Царчев, Никола Матлиески и Радослав Стојановиќ.

Сите позитивни се во изолација и ниту еден немал контакт со останатите членови на репрезентацијата.

Дуелот против Финска се игра в среда во СЦ Борис Трајковски и почнува во 20 часот додека три дена подоцна следува гостување во Швајцарија, а почетокот на натпреварот е закажан за 18 часот и 30 минути.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Македонија триумфираше над Литванија за нов пласман на ЕП

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Мотокрос атракција на патеката во Орман

Дејан Дејан

Ивановски на чекор до пласман на главниот турнир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе