Тренерот на мадридски Атлетико, Диего Симеоне планира во текот на летниот преоден рок да го ангажира напаѓачот на Аталанта, Дуан Запата.
Дваесет и девет годишниот репрезентативец на Колумбија во изминативе неколку сезони игра во одлична форма и отакако пред две години дојде во Бергамо од Неапол на 88 натпревари постигна 52 погодоци.
Запата со Аталанта има договор до 2023 година, а за него клубот бара обештетување од најмалку 50 милиони евра што е една од најголемите пречки за реализација на неговиот трансфер во шпанската престолнина.