Тренерот на Интер, Антонио Конте по само една година мината на Џузепе Меаца ќе му дозволи на Кристијан Ериксен да ја смени средината.
Дваесет и осум годишниот Данец, во јануарскиот преоден рок од Тотенхем се пресели во Интер, но во овој период не успеа да се вклопи во екипата и од доаѓањето во Милано одигра 31 натпревар, а само на 15 беше меѓу стартерите во тимот. Дополнителен проблем за клубот е фактот што Данецот има преголема плата за придонесот во екипата и таа изнесува 10 милиони евра.
Ериксен со Интер има договор до 2024 година, а и покрај фактот што за него беа платени 27 милиони евра, клубот е подготвен да ја прекине соработката за сума од 20 милиони.
За Ериксен во моментов интерес покажуваат Милан, Рома и Лацио.