Спорт Фудбал

Почнува битката за трофејот во Лигата на шампионите

Со дуелите од Е-Х сегментот почнува новото издание на фудбалската Лига на шампиони. Бранителот на трофејот во елитното натпреварување Баерн првиот натпревар ќе го одигра утре додека на почетокот дербито се игра во француската престолнина каде Пари Сен Жермен го пречекува Манчестер Јунајтед.

Вечерва за прв пат во шампионската лига ќе настапат три клуба. Дебитантите Рен и Краснодар во ќе се сретнат во рамките од Е групата додека во Б конкуренцијата Башакшехир му гостува на Лајпциг.

Новото издание на Лигата на шампионите ја отвораат Динамо Киев и Јувентус, натпревар кој почнува во 18 часот и 55 минути, а во истиот термин е закажан почетокот на мечот Зенит – Бриж.

 

ФУДБАЛ – ЛИГА НА ШАМПИОНИ

  1. КОЛО

 

Е ГРУПА

ЧЕЛЗИ – СЕВИЛЈА                                            21:00 часот

РЕН – КРАСНОДАР                                           21:00 часот

 

Ф ГРУПА

ЗЕНИТ –  БРИЖ                                                 18:55 часот

ЛАЦИО – БОРУСИЈА ДОРТМУНД               21:00 часот

 

Г ГРУПА

ДИНАМО КИЕВ – ЈУВЕНТУС                        18:55 часот

БАРСЕЛОНА – ФЕРЕНЦВАРОШ                   21:00 часот

 

Х ГРУПА

ПСЖ – МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД                    21:00 часот

ЛАЈПЦИГ – БАШАКШЕХИР                           21:00 часот

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Победа против Литванија за пласман на Европското првенство

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Во меч без голови Вардар и Струга освоија по бод

Дејан Дејан

Реакција на ФФМ: Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе