Грчките здравствени власти донесоа одлука гледачите да се вратат на стадионите, а нивното присуство ќе биде во ограничен број.
Првиот натпревар на кој ќе биде дозволен влез на гледачите ќе биде дуелот од Лигата на шампионите меѓу Олимпијакос и Олимпик Марсеј, а веќе в четврток на трибините ќе се најдат и навивачите на мечот во Солун во кој ПАОК ја пречекува Омонија во рамки на Лига Европа.
Според протоколите гледачите во текот на целиот натпревар ќе мора да носат заштитни маски, да бидат на растојание од 1,5 метар и немаат право да се движат по трибината.