Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ја поништи вчерашната одлука на здравствените власти да дозволи присуство на навивачи на фудбалските натпревари.
Мицотакис поништувањето на одлуката го образложи со фактот дека на тој начин се испраќа погрешна порака до луѓето дека епидемиолошката ситуација во земјата е стабилна и дека ова е погрешна одлука бидејќи во моментов се разгледуваат опции за порестриктивни мерки, а се со цел да се спречи неконтролираното ширење на вирусот.
Според вчерашната одлука требаше да се дозволи присуство на максимум 3.500 гледачи, но откако владата ја поништи мечевите во европските клупски натпреварувања Олимпијакос – Марсеј и ПАОК – Омонија ќе се играат пред празни трибини, а истото важи и за дуелите во домашниот шампионат.