Дисциплинската комисија на Англиската фудбалска асоцијација нема да поведе постапка против голманот на Евертон, Џордан Пикфорд за стартот над Вирџил Ван Дајк по кој фудбалерот на Ливерпул ќе мора да паузира во следниве седум до осум месеци.
ФА покренува постапка само доколку прекршокот заслужувал санкција од судијата или пак арбитрите во ВАР собата пропуштиле анализа на ситуацијата.
Во овој случај, стартот бил анализиран по што судиите решиле дека нема причина за санкција и според тоа одлуката не може да подлежи на ревизија.