Култура

Промовиран туристички водич за спомениците и бруталистичката архитектура

Во пресрет на 11 Октомври, датумот кога пред 79 години започнало народното антифашистичко востание во земјава, денеска беше промовиран туристички водич на 5 јазици, за спомениците кои сведочат на борбата против фашистичките окупатори и архитектонските објекти во бруталистички стил, подигнати меѓу 1960 и 1980 година. Во публикацијата се застапени 16 објекти од Скопје и 9 од внатрешноста, меѓу кои е и „ Спомен констурницата “ во Велес, која ќе се промовира како Македонска Герника.

Туристичкиот водич, кој е дополнет со мобилна апликација, веб страница и сувенири, е наменет за новата туристичка тура, насловена Монументал.МК, чија цел е поттикнување на локалниот развој преку културниот туризам и стекнување економски бенефит со привлекување на странските и домашните туристи.

Во видеото проследете ги изјавите на Мишо Докмановиќ- лидер на  Монументал.мк и Билјана Пејоска Ристеска- извршен директор на Стопанската комора за туризам на Македонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Македонската филхармонија вечерва во Солун со „Кармина Бурана“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе