Вести Економија

Со ребалансот повеќе пари за политичките партии, за мебел, за привремени вработувања

Државата ќе плати двојно повеќе пари на извршители по извршни исправи. Повеќе пари ќе се потрошат за привремени вработувања, купување мебел, трансфери кон невладини организаци и разни трансфери.

Ова накратко е највпечатливо од ребалансот на буџетот, втор за годинава, за кој министерот за финасии Фатмир Бесими тврдеше дека се крателе непродуктивните расходи, односно расфрлањето на државните институции со народни пари. Бесими прашан дали и што се крати- тврдеше дека се намалени  ставките како купување на мебел, стоки услуги, набавки на возила.

Но ребалансот покажува дека за мебел за државните институции со буџетот биле предвидени 1,5 милиони евра, но со ребаланост рипнале на 2 милиони, или ќе се потрошат дополнителни речиси 500.000 евра.

Ако државата со проектираниот буџет пресметала дека треба да плати 5,1 милион евра на извршители по извршните исправи, сега со ребалансот сумата се дуплира и изнесува 9,9 милиони евра, или 4,8 милиони евра повеќе од првично проектираното. Ставката за плати на администрацијата  е приближно иста, но сепак расте таа за привремени вработувања. Ако првично беа планирани 2,4 милиони евра, сепак до крајот на годината ќе се потрошат 2,7 милиони ева, или 324.000 евра повеќе.

Најмноу пораснала ставката за субвенции и трансфери, од 454 милиони, на 623 милиони евра со ребалансот. Или ќе се потрошат 169 милиони повеќе од првичните проекции. Покрај што во оваа ставка растат субвенциите за јавните претприја, има субвенции и за приватни фирми, но најмногу пораснале трансферите кон невладините организации – за речиси 1,5 милиони евра.

Ако првично се планирало на невладините да се поделат 8,9 милион, сега ќе се потрошат 10,3 милиони евра за таа намена. Додека пак ставката разни транфери пораснала за фантастични 177 милиони евра, или од 411 милиони се искачила на 589 милиони евра кои треба да се потрошат од државната каса.

Од Министерството за финансии велат со вториот ребаланс се оптимизирале сите позиции во буџетот во насока на заштеди, кои може да се насочат за финансирање на четвртиот сет мерки. Трансферите за невладините организации биле зголемени заради редовно финансирање на политичките партии.

„Има зголемување кај ставката за извршување, со оглед дека не е во важност уредбата со која се стопираше извршувањето. Зголемување на трансферите на невладините организации се однесува на барањата на Министерството за правда за редовно финансирање на политички партии. Во однос на ставката за привремени вработувања, таа е поставена соодветно на потребите за финансирање и на склучените договори на буџетските корисници. Ставката за набавка на мебел, се однесува на набавка на училишен мебел и опрема за градинките.“  – велат од  Министерството за  финансии.

Со вториот ребаланс на дражавната каса пораснаа и расходите на институците. Наместо 3,95 милијарди колку што предвиде првиот ребаланс, сега ќе се потрошат 4,1 милијарда евра, што е историски најтежок државен буџет до сега. Дефицитот е проектиран на 8,4 проценти од БДП или ќе фалат 920 милиони евра во буџетот, пари кои ќе се обезбедат со домашни заеми. Со ребалансот кој веќе е доставен пред пратениците Владата проектираше пад на БДП од 4,4 проценти.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Уништени култури, земјоделците проценуваат штети – град со големина на орев „удри“ во Струмичко

Дејан Дејан

Да се забрза транспортoт на храна кон Косово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе