Економија

Легализацијата на дивоградбите пак ќе се најде пред пратениците

Легализација на дивоградби пак ќе има. Предлогот кој лани прeд изборите не помина во Собранието добива уште една шанса-пак е ставен на разгледување пред пратениците. Но ќе треба да се смени рокот до кога бесправно изградените објекти ќе можат да добијат статус на легални. Во собрание е истиот закон кој тогаш беше закочен од опозициската ВМРО-ДПМНЕ со преку 1.000 амандмани. Тој овозможуваше легализација на дивоградбите изградени до 1 октомври 2019 година. Од министерството за транспорт за „Телма“ велат дека кога предлогот ќе влезе во собраниска процедура, само ќе претрпи корекција со нов рок кој би бил заклучно со конкретен месец од годинава.

Предлогот лани наиде на препукувања во Собранието. СДСМ обвинуваше дека ВМРО намерно ја кочи легализацијата на над 100.000 објекти. А опозициската партија обвини дека решението е предизборна кампања, се носи за одредени моќници од власта и побара да оди на јавна расправа.

Инаку, предлогот предвидува сопствениците на дивоградби покрај целосни комуналии да платат и дополнителни 50 проценти како казна. А нема да можат да се легализираат згради, надградбите на зградите и терасите, но и дивоградбите во заштитеното подрачје на Охридскиот регион.

И додека институциите се натегаа во чија надлежност е рушењто на дивоградбите, беше срушена само  дивоградбата кај Т.Ц Мавровка во Скопје. Платформите на Матка, и нелегалните објекти на охридско-струшкото крајбрежје останаа недопрени.

Иако првично немаше податоци колку дивоградби има во земјава, и колку се изградени после 2011 година, до кога беше последниот рок за легализација, владата излезе со бројката од околу 100.000 објекти. Претходно пак во другите рокови беа испратени околу 360.000 барања и легализирани над 180.000 објекти.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дурмиши: Ако има поскапување поголемо од 15 проценти, ќе активираме поригорозни мерки

Дејан Дејан

(живо)Дурмиши: Пазарниот инспекторат е на терен очекуваме извештај

Дејан Дејан

Ангеловска-Бежоска: Економијата постепено закрепнува од шоковите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе