Економија Ковид19

Викенд без ДДВ – непотребна главоболка ?!

Непотребна главоболка. Вака епидемиологот Драган Даниловски го коментира претстојниот викенд без ДДВ. Вели дека протоколите се за почеток добри, но треба и да се почитуваат, за што не е оптимист.

Пример за почитување на мерки, за Даниловски се изборите, после кои немаше зголемен број на заразени, но тогаш и полицијата се грижеше за редот и дисциплината, а овде станува збор за шопинг. За да помине викендот со минимум ризици сугерира дека државата би требало и овде да ги мобилизира сите ресурси што се на рaсполагање.

Во најавениот „Викенд без ДДВ“ кој ќе се спроведе претстојните три дена, граѓаните ќе може да купат домашни производи, како и комјутери и ИТ опрема до најмногу 30.000 денари. Мерка е достапна само до граѓаните кои скенираат фискални сметки, а тоа се околу 350 илјади граѓани. Проекцијата на владата е дека, ќе се направи промет од над 170 милиони евра, пари кои ќе бидат инјекција за стопанството, од кои кон граѓаните ќе бидат вратени околу 17 милиони евра.

Предлог законот со кој ќе се реализира мерката „Викенд без ДДВ”, беше изгласан од пратениците во Собранието. „За“ гласаа 71 пратеник, а 9 беа воздржани. Против немаше. Присутните пратеници од опозицијата, иако имаа бројни забелешки и бараа, наместо еден, четири викенди без ДДВ во следните месеци, гласаа воздржано.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Да се забрза транспортoт на храна кон Косово

Дејан Дејан

ЕСМ на тронот по загуби, МЕПСО зголемува плати и вработува

Дејан Дејан

Дурмиши: Ако има поскапување поголемо од 15 проценти, ќе активираме поригорозни мерки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе