Македонија

Протест на средношколците во Тетово – бараат настава во училиштата

Средношколците од Тетово бараат да учат со физичко присуство во училиштата.

Незадоволството од донесените одлуки за следење на онлајн настава денес го изразија преку протестен марш низ градските улици до плоштадот.

Тие велат дека голем дел од учениците немаат услови за настава на далечина, односно немаат средства за да купат компјутер, а дополнително и Националната платформа има недостатоци.

Потенцираат дека се свесни дека пандемијата постои, но ним им е потребно образованието. Ќе продолжат со бојкотот додека не се исполнат нивните барања.

Досега во општина Тетово со физичко присуство учат само учениците од прво до трето одделение, бидејќи Комисијата не дала согласност на ниту едно училиште.

Eдинствено согласност само за индивидуална настава за инструмент доби Музичкото училиште „Тодор Скаловски – Тетоец“.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Нашиот животен сон стана реалност – Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска, младоженци на годинашната Галичка свадба

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе