Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев е предводник на генерацијата која има шанса за прв пат во историјата на нашиот национален тим да му обезбеди настап на едно големо натпреварување.
Со триумф над Косово во утрешниот натпревар, нашата селекција ќе биде на чекор до историското учество на континенталното првенство.
“Благодарност до сите кои придонесоа да дојдам и да го одиграм овој натпревар. Значи од ФФМ па преку македонската амбасада во Италија голема благодарност до сите. Знаеме што носи овој натпревар. Имаме доста искуство, жално е што нема да има публика. Моја желба беше токму овој меч да го одигран пред публика, но што е тука е. Одиме на победа. Секако дека сум емотивен за овој момент, за овој меч. На овој народ му требаат вакви моменти и едно можам да ветам, дека ќе го оставиме срцето на терен за да го израдуваме македонскиот народ. Нијанси ќе го одлучат мечот, но ние се подготвуваме како и за сите мечеви”, изјави Пандев.
ФОТО: Игор Паневски