Вести Економија

EK за економските реформи – добри, но се уште е закочен економскиот развој

Напредок кон функционална економија, но забелешки за сивата економија, ниското ниво на реализација на капиталните инвестиции, јавниот долг. Ова стои во  економскиот дел од најновиот извештај на Европската комисија. Најголем ризик за земјава е ковид-кризата. Препораките се Владата да обезбеди фискален простор за справување со економските последици од пандемијата, да ја подобри наплатата на приходите во Буџетот, подобро да управува со јавните финансии и да го стабилизира јавниот долг на земјава.

„Финансиските потреби поврзани со ковид кризата придонесоа за значително зголемување на нивото на долгот во првата половина на 2020 година. На крајот на јуни, јавниот долг беше поголем за речиси 18% споредено со крајот на 2019-та година, како резултат на зголемување на државниот долг главно поради издавањето на  еврообврзницата во мај“ – стои во извештајот на Европска Комисија.

Според експертите за исполнувањето на економските критериуми за земјава нема преговори. Тие мора да се исполнат за земјава да може да биде конкурента и како дел од европското семејство.

Прво тоа е ниското ниво на капиталните инвестиции или тоа се оние трошења од буџетот за големи продуктивни инвестициски проекти кое е мало на ниво лани на 8 проценти што е многу малку. Второ се наведува уште нестабилизираниот јавен долг кој што значи уште полека расте било за нови задолжувања или за враќање на старите долгови, натаму во ограничувањата се наведуваат на неколку места високото ниво од 18 проценти на сивата економија, на неформалната економија – изјави Филков.

Според Филков извештајот ги нотира и другите проблеми на економијата, како недостиг, дури и одлив на квалификувана работна сила, недоволна продуктивност на трудот, ниската конкурентност на македонската економија.

Препорачува Владата да го подобри прибирањето на парите во буџетот, значи да се справи со сивата економија да с елегализира и од тука да се приберат повеќе пари во буџетот, а на страната на трошењата  на расходите, значи да ги насочи кон инфраструктурни проекти кои поттикнуваат раст но и подобро да се управува со тие јавни инвестиции со тие проекти значи подобро да се трошат и онака ограничените буџетски пари.- вели Филков.

 

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе