Една наставничка позитивна – 17 деца во самоизолација. По, 5 дена настава корона вирусот продре и во основните училишта. „Гоце Делчев“ во општина Центар продолжува со настава, а половина клас првачиња ги чекаат резултите од тестирањето откако нивната наставничка добила позитивен тест.
Таа имала покачена темепература неколку дена, а тие се во добра здравствена состојба, велат родителите.
Децата и наставничката одново учат, но денеска пред мониторите на компјутерите. 52 – годишната наставничка вирусот го добила дома од нејзиниот син но пред да развие симптоми и да замине во самоизолација комуницирала со својата колешка, која ги чека резултатите од тестирањето.
Децата, пак, од нејзиниот клас дојдоа на училиште, но кај друг наставник. Короната го ретчи кадарот во ова училиште, а наставници не се вработуваат со години, реагира директорката на училиштето.
Училиштата се безбедни, бидејќи се почитуваат протоколите, а вработените да внимаваат по завршувањето на работното место каде се движат им порача градончалникот на општината.
Родителите се задоволни дека нивните деца одат на училиште, а пред почетокот на учебната година за 1 до 3 одделение секој од нив достави писмена согласност. Учениците ,пак, сеуште се прилагодуваат на строгите протоколи.
Наставата за оние деца чии што родители потпишаа согласност отпочна на 1 октомври со задолжителни протоколи на проверка на телесната темература, држење дистанца и задолжително носење маски за време на наставата.
Павле Беловски