Вести Македонија

23 автобуси и комбиња во меѓуградски превоз возеле со неисправни кочници

МВР во два дена контроли на автобуси низ Скопје открило вкупно 35 автобуси кои превезувале патници со неисправни сопирачки.

Полицијата вршела акциски контроли и испраќала градски, приградски и меѓуградски автобуси на технички контроли. Во текот на вчерашниот ден (06.10) сообраќајната полиција вршела контроли на автобуси од меѓуградскиот сообраќај кои од Скопје превезувале патници кон други градови.

Откриени се вкупно 28 неисправни комбиња и автобуси. Дури 23 од контролираните имале проблем со кочниците, односно како што наведува МВР имале неисправен уред за сопирање. Други 5 возила за меѓуградски сообраќај имале технички неисправности. Возилата се исклучени од сообраќај и поднесени се соодветни поднесоци.

Ден претходно полицијата контролираше автобуси во градскиот сообраќај на Скопје. И при оваа контрола откриени се 15 возила со технички неисправности, најмногу 12 имале неисправни кочници, а две возила имале неисправни уреди за управување, покажале техничките прегледи извршени по налог на МВР.

Полицијата најавува продолжување на засилените акциски контроли и во наредните денови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе