Македонија

Рекорден број заразени со коронавирусот за еден ден – 317 , со речиси 16% позитивни тестови и 4 починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1990 тестирања, а регистрирани се 317 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-182, Куманово-12, Дебар-3, Штип-13, Прилеп-5, Тетово-8, Велес-7, Битола-6, Охрид-1, Кавадарци-4, Гостивар-11, Гевгелија-12, Струмица-12, Крива Паланка-3, Радовиш-5, Кочани-18, Валандово-3, Делчево-2, Свети Николе-4, Кичево-4, Ресен-1, Неготино-1 .

Во болнички услови починати се 4 лица, од Скопје (59г.), Струга(65г.), два пациенти од Гостивар (71г. и 76г.).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 104 оздравени пациенти од: Скопје-24, Куманово-12, Штип-3, Прилеп-14, Тетово-8, Струга-3, Велес-3, Битола-5, Кавадарци-2, Гостивар-7, Гевгелија-1, Струмица-4, Радовиш-4, Кочани-6, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-2, Виница-1, Кичево-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 19413, бројката на оздравени пациенти е 15749, на починати е 772, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2892. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

  • Скопје 7724, активни 1166
  • Куманово 1823, активни 166
  • Дебар 290, активни 35
  • Штип 1307, активни 79
  • Прилеп 742, активни 138
  • Тетово 1517, активни 168
  • Струга 693, активни 42
  • Велес 348, активни 36
  • Битола 344, активни 78
  • Охрид 443, активни 36
  • Кавадарци 256, активни 41
  • Гостивар 959, активни 68
  • Гевгелија 155, активни 57 (10 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 21 на Богданци и 12 се странски државјани)
  • Струмица 328, активни 185
  • Крива Паланка 130, активни 38
  • Радовиш 107, активни 35
  • Крушево 20, активни 1
  • Кочани 450, активни 183
  • Пробиштип 119, активни 17
  • Демир Хисар 62, активни 2
  • Македонски Брод 93, активни 2
  • Пехчево 46, активни 3
  • Берово 129, активни 47
  • Валандово 54, активни 39
  • Виница 126, активни 36
  • Делчево 175, активни 85 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
  • Кратово 26, активни 2
  • Свети Николе 380, активни 57
  • Кичево 340, активни 29
  • Ресен 167, активни 9
  • Неготино 60, активни 12 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 48 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 1 дете и 1 мајка позитивни на ковид-19, а хоспитализирани се 6 деца и 6 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4, а вкупно хоспитализирани се 37 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 18, а во болницата во Штип се 51 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 198, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

  • Чаир – 66
  • Гази Баба – 126
  • Аеродром – 208
  • Карпош – 180
  • Центар – 210
  • Кисела Вода – 131
  • Ѓорче Петров – 93
  • Бутел – 49
  • Шуто Оризари – 15
  • Студеничани – 4
  • Сарај – 14
  • Арачиново – 5
  • Илинден – 31
  • Сопиште – 3
  • Чучер Сандево – 4
  • Петровец – 8
  • Зелениково – 3
  • Странец – 10
  • Нераспределен-6
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

(видео) Невообичаена сообраќајка пред Сити мол, автомобил „покоси“ семафор

Дејан Дејан

Изведување докази за убиствата на Вања и Панче

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе