Вести Македонија

Затвореници и чувар во Идризово со мистериозна скопјанка повеќе месеци измамувале директори на фирми и стигнале до бројката 26 измами

Двајца затвореници, вработен во затворот во Идризово и 31-годишна скопјанка се осомничени за 26 измами со кои измамиле повеќе фирми и директори за вкупна сума од 177.550 денари (околу 2.880 евра). За измамата затворениците користеле мобилен телефон од својата ќелија од каде ги повикувале жртвите., а парите им ги земале преку таксисти кои не знаеле дека се злоупотребени.

МВР соопшти дека истрагата завршила сега со кривична пријава, а измамите се случувале од февруари до мај, додека претресот во ќелијата е направен на 9-ти мај.

Измамите се откриени по пријава на оштетените, а главен организатор бил 33-годишен затвореник од скопско Драчево. Тој по откривање на случајот е префрлен во прилепскиот затвор. Во Идризово е од 2017-та година, а на затвор е осудуван поради повеќе измами и кражби. Во 2017-та бил и амнестиран за дел од казната, а вкупната затворска казна на која е осуден е 10 години и 11 месеци.

За измамите е осомничен и 43-годишен затвореник од Скопје, додека за помагање се пријавени 53-годишен затворски службеник и 31-годишна жена.

Двајцата измамници од затворска келија, „од различни телефонски броеви се јавувале на оштетените, кои во повеќето случаи се управители на фирми, им се претставувале како управители или директори на различни фирми од различни локации низ Скопје и договарале средби. Додека оштетените се движеле кон договорените локации, им се јавувале да застанат и на однапред ангажирани такси возачи од различни такси компании да им дадат парични средства со изговор дека такси возачот треба да им заврши некоја услуга, а паричните средства ќе им бидат вратени на средбата која ќе ја остварат.“

Според полицијата, „третопријавената ги земала паричните средства од такси возачите и ги предавала на четвртопријавениот, вработен во Казнено-поправната установа Идризово, кој пак, дел од парите им ги давал на затворениците“.

Прва била откриена скопјанката која во полициска станица открила како помагала во измамите. Инспектори на одделението за криминалистички работи во ЕВР Кисела Вода-Скопје разговарале и со затворскиот службеник, но и со тројца таксисти кои ги носеле парите кон Идризово.

-На 09.05.2020, по Наредба на судија во претходна постапка, бил извршен претрес во КПУ Идризово, во просториите каде што се сместени прво и второпријавениот, при што биле одземени повеќе предмети, по што со нив бил извршен разговор во кој во целост го појасниле начинот на извршување на кривичните дела, соопшти МВР.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе