Откако вчера беше објавен извештајот на Eвропската комисија за напредокот на земјата на патот кон ЕУ еврокомесарот Oливер Вархеји денеска е во Скопје.. Тој по средбата со премиерот Заев рече дека и покрај ковид дошол да ги пренесе добрите вести дека ЕУ е ангажирана да го зајакне проширувањето врз основа на новата методологија за што имаме согласност и од другите земји. Тој го истакна и значењето на инвестицискиот план.
Премиерот Заев оцени дека земјата е на добар пат и треба да продолжи со имплементација на веќе донесените закони и постоечки механизми. Според Заев за економскиот инвестициски план Вархеји има најголема заслуга. 80 милиони евра од ЕУ веќе легнаа на сметка на владата за борба против Ковид-19.
Вархеји побара Македонија да продолжи со зајакнување на реформските резултати пред се на терен во борбата против корупцијата но и со имплементација на законите кои се однесуваат на судството и јавната администрација. Вархеји за барањето од Бугарија и за можност Македонија до декември да ги почене преговорите рече дека ЕУ прави се што може тоа да се случи, сепак бара да не прави драма околу тоа и да и се остави на дипломатијата да работи.