Спроведете ги реформите, овде и сега и не го злоупотребувајте институтот скратена постапка.
Со овие зборови Еврокомесарот за соседна политика и преговори за проширување на ЕУ Оливер Вархеји им се обрати на пратениците во законодавниот дом.
Од нив побара да бидат независни во одлучувањето и да не потпаѓаат под влијание на извршната власт. Пораките се јасни, реагира опозоцијата.
СДСМ е задоволен од Извештајот во делот на Собранието.
Признаваат дека во иднина треба да се направи поголема селекција на законите кои ќе треба да се донесат по скратена постапка.
Вархеји оствари средба и со собранискиот спикер талат Џафери од кој било побарана попродуктивна работа на Собранието и носење на закони кои се клучни за реформите.
Јулијана Пешевска