Македонија

Боки 13 во болница, судот го одбил за домашен притвор, адвокатот вели ова е тортура

Судењето за Меѓународен сојуз по трет пат се одложи поради здравствената состојба на Бојан Јовановски кој повторно е хоспитализиран. Неговиот адвокат Сашко Дуковски објасни дека по извршената операција  бил задржен 10 дена во болница по што бил вратен во затворот во Шутка, но таму останал само еден викенд за време на кој повторно му се влошила состојбата и од минатиот понедленик повторно е вратен во болница. Дуковски реагира што и после се  судот вчера го одбил да се замени затворскиот притвор со домашен.

-Јас само ќе ви го интерпретирам лекарот кој го лекува. Здравствената состојба не му подобрува туку му се влошува. Раната не му зараснува, се работи за зацврстено ткиво каде секое т.н. крпење на желудникот е тешко. Едноставно човек што е опериран од таква болест и со таква операција не може да биде третиран во затворски услови ниту во најсериозните демократии во светот, а не во затворот Скопје. Затоа вчерашното одбивање да се замени мерката притвор со домашен притвор не претставува ништо друго туку чист облик на кривичното дело тортура предвидено во Кривичниот законик, изјави адвокатот Дуковски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Нашиот животен сон стана реалност – Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска, младоженци на годинашната Галичка свадба

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе