Култура

Турскиот театар ги отвора вратите за публиката со премиера на „ Човек перница“

Турскиот театар од Скопје, се враќа пред публиката по паузата поради корона кризата, со премиера на претставата „Човек перница“,  на 8 октомври . Претставата е работена по наградуваниот текст на ирскиот драматичар Мартин Мекдона, а ја режира Сибел Абдиу.

  • „Човек перница“, е претстава која буквално манипулира со емоциите на публиката, преку трагични и комични дијалози, а се бави со многу длабоки и кревки теми вклучувајќи злоупотреба и насилство врз децата, морална одговорност и политичка критика. Покрај тоа, ова дело е и критичка анализа за слободата на говорот, како и  на злоупотребата на детските трауми како фактор во девијацијата на народите, почнувајќи од микро човечкото општество, односно семејството, вели режисерката, воедно и драматург, Сибел Абдиу.

Улогите ги толкуваат: Хакан Даци, Дин Ибрахим, Бурак Рахман, Јеткин Сезаир, Несрин Таир, Селпин Керим и Фјола Муслиу. Сценографијата е на Ујза Жури, костимографијата е авторство на Диелза Минци, а сценската изведба е на Зекирија Абди.

Претставата ќе се игра на малата сцена на Театар Комедија. Таа е независна продукција на МАШИНА Продакшн, во ко-продукција со ПИК Продукција и Турскиот театар, кој годинава слави 7 децении постоење.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Македонската филхармонија вечерва во Солун со „Кармина Бурана“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе