Единаесетгодишниот Илче кој беше оставен без грижа речиси цела година и кој пред неколку месеци беше згрижен од институциите, починал ненадејно. Причината поради која настапила смртта кај детето за сега не се знае, а од Основното јавно обвинителство во Кавадарци известија дека се испитува од што починал малиот Илче.Илче, кој боледуваше од церебрална парализа, во групниот дом беше два месеца, откако по реакција во јавноста беше пронајден во запуштена состојба и без соодветна грижа во семејната куќа во Охрид.
Оставен од неговиот татко, а потоа и од неговата мајка, од чергиче на под без доволно храна Илче од Охрид ја загуби битката со животот во неговото последно престојувалиште – групниот дом во Демир Капија. По, обдукцијата кое ја побарало обивнителството во Кавадарци ќе се знае од што точно починало момчето кое 11 години живеело без соодветна нега и лекарски надзор.
Тој закрепнуваше за Клиниката за детски болести во Скопје, а потоа беше згрижен во семеен дом. За неговото здравје измиантите два месеци се грижел матичен лекар и редовно му биле правени крвни анализи. Илче е роден со церебрална парализа, но немал редовна терапија.
Човекот кој привремно се грижел за Илче и регираше преку медиумите да се згрижи момчето тврдеше дека еден месец пријавувал во полиција, по заминувањето на таткото, а потоа и на мајката. 11-годишното дете имало проблеми од раѓањето, а мајката која иако болна се грижела за него и често заедно со количка го шетала низ Охрид, а често била низ центарот каде питачела. Помошта што ја добивала од граѓаните ја ставала на количката со детето и таа слика била секојдневна за охриѓани, но и покрај тоа социјалните служби не реагирале, за на крај општинските служби треба да го одземат момчето и предадат во соодветната институција. По, ова мајката на Илче го загуби родителското право над него, а заработи и кривична пријава заради пропусти во родителската грижа.
Павле Беловски