Македонија Најважни

ЕК ја пофали Македонија за забрзување на реформите

Европската унија се уште има цел до крајот на годината да ги почне преговорите со земјава за членство, иако прашањето со Бугарија околу преговарачката рамка за Македонија е се уште отворено. Еврокомесарот за проширување упати дека двете земји треба да најдат заедничко прифатливо решение за тоа.

„Можам да потврдам дека тоа е се уште целта и работиме заедно со бугарските власти и властите во Северна Македонија. Министерот за надворшени работи и вицепремиерот беа заедно со мене минатата недела и ги охрабрив директно да се ангажираат да работат со своите соседи, бидејќи тоа е заеднички интерес да се најде решение кое е прифатливо за обете страни“, изјави Оливер Вархеи, еврокомесар за проширување.

Ианку денеска Вархеи го презентираше пакетот зза проширување на Унијата вклучително и Извештајот за напредокот на Македонија пред Комитетот за надворшени работи на Европскиот парламент при што рече дека Македонија испорачала мерливи и одржливи резултати на реформскиот пат кои ЕУ и ги постави како клучни области во јуни 2018 година. Сепак за понатамошна одржливост на постигнатото потребна е ангажираност и од властите и од опозицијата. Собранието е пофалено дека се повеќе ја игра својата вистинска улога, иако му се забележува на преголемо користење на процедурата „по скратена постапак“.

„Северна Македонија го задржа стабилниот чекор на напредок и дополнително исполни клучни области од владеењето на правото, вклучувајќи го судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал. Северна Македонија мора да го одржи овој моментум. Охрабрен сум од посветеноста на новата влада дополнително да напредува во европската агенда, особено во основните клучни области“, рече Вархеи.

Инаку комисијата во извештајот забележува прогрес во следење на случаите на висока корупција и Антикорупциската комисија е оценета како проактивна во превенирање на корупцијата. Сепак Комисијата има и забелешка дека корупцијата  е сеприсутна во многу области и треба да попроактивно да се работи на незјино сузбивање.

Во делот на судството се забележува добар напредок во имплемнтацијата на судските реформи, а како за реформите се почосува Законот за јавното обвинителство кој овозможува продолжување на случаите започнати од СЈО. Сепак сега фокусот треба да биде ставен на имплементација на стратешките закони и користење на алaтките кои веќе постојат. Се констатира и дека е подобрено следењето на истрагите, обвиненијата и конечните пресуди за случаите на корупција и организиран криминал, вклучително и на високо ниво. Сепак таквите напори треба да продолжат несмалено, без оглед на позиционираност или политичката инволвираност на осомничените.

Кај јавната администрација е нотиран напредок во делот на транспарентноста и отовреноста на податоците за трошењето на владата, но за неа останува клучно да го почитува принципот на транспарентност, унапредување по заслуги и правична застапеност.

Во делот на фундаменталните права Комисијата посочува дека по укинувањето на Законот за недискириминација од Уставниот суд, тоа треба да биде надминати од новите законодавци.

За работата на полицијата се забележува дека и недостиг на ефикасно справување со феноменот на неказнивост во полицијата, а за реформите на разузнавачките служби дека се во согласност со дадените препораки за тоа.

Регионалната соработка е наведена во неколку реда при што се констатира потребата од продолжување на имплементацијата на билатералните договори, посочувајќи ги притоа Преспанскиот договор и Договоро за добрососедство со Бугарија.

Во делот на економските критериуми Македонија е оценета на добро ново на подготвеност за функционална пазарна економија, но со лимитиран напредок во изминатиот период.

Гледано по области најлоши оценки има за заштитата на животната средина, заштитата на потрошувачи и контрола на храната.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пораст на менталните нарушувања кај младите – сè уште табу да се побара стручна помош

Дејан Дејан

Меџити: Имаме стабилно мнозинство

Дејан Дејан

Законот за сајбер безбедност наскоро низ владина процедура, во јуни во Собрание

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе