Јавен долг над 60 проценти од Бруто-домашниот може да биде критичен за земјава, доколу коронакризата продолжи и наредната година. Економските експерти загижени откако владата го објави вториот ребаланс на државната каса за годинава со кој планира нови задолжувања. Апелираат на внимателност, бидејќи земјава може да се најде во ситуација да не може да ги враќа парите кои сега на големо ги позајмува. Со второто прекројување на буџетот, Владата ќе потроши над 4,1 милијарда евра, а планира да собере од граѓаните и стопанството 3,2 милијарди евра. Дупката во буџетот ќе достигне рекордни 920 милиони евра, а јавниот долг ќе биде над 60 проценти од БДП.
Целата наша стратегија дека ние брзо ќе се опоравиме и ќе можеме во блиска иднина безболно да го вратиме нивото на јавен долг е дека ќе имаме економски раст следната година, и годината после неа и ќе се опоправиме. Меѓутоа што ако хипотетички ситуацијата не е баш така. Значи што би можеле да направиме во тој момент. Од каде ќе најдеме ние извори за да го поттикнеме нашиот економски раст и да можеме да го вратиме долгот и да се раздолжиме имајќи во предвид дека ќе мора дополнително да се задолжуваме за да се раздолжиме во периодот кој доаѓа. 60те проценти е онаа психолошка граница која беше психолошки ограничена меѓутоа истражувањата покажуваат дека не е пожелно да се надминува оваа граница, изјави Треновски.
Според Треновски, сите политички елити до сега своите политики ги засноваа на зголемување на јавните расходи, а не зборуваа отворенио како да се зголемат приходите во Буџетот. Но во иднина ќе мора да се размиулува и на нови оданочувања. Дури и да се разгледуваат опции како кратење на трошоците за плати во администрацијата.
Ако имате ниво на јавен долг кое е големо и кое треба да се врати во периодот кој доаѓа тоаварот се префрла на следните генерации односно на следниот период и сите ние ќе биделе погодени на некој начин преку генерално оданочување. Мора да размислуваме за некоја политика или таргетирање и ширење на опредлена даночна база во определени сфери покрај меѓународните извори на финансиски средства нашиот економски раст кој што очекуваме да е позитивен ќе ни овозможи со солидна основа да се справиме на среден рок со ова ниво на јавен долг кој исто така не треба да го потцениме 4.10 и ефикасноста на мерките кои се носат мора да биде исклучително блиску мониторирана и еваулирана. Немаме простор да носиме економски мерки кои не би имале силен удар и не би ја поттикнале економската активност во следниот период, вели Треновски.
Во вториот квартал од годинава, јавниот долг на земјава достигна 59,5 проценти од БДП, или во пари,земјава должи над 6,5 милијарди евра. Со новите задолжувања, според министерот за финансии Бесими, јавниот долг до крајот на годинава ќе ја пробие психолошката бариера и ќе биде над 60 проценти од БДП.
Александра Филиповска