Култура

Да му се спротивставиме на капитализмот за да ја спасиме природата

Уништувањето на природата како резултат на светската акумулација на капиталот, е темата на изложбата „ Panic Room“, отворена во Музејот на современата уметност. 11 наши визуелни уметници и групата ОПА ,преку нови, но и постари дела, ја критикуваат неолибералната политика и глобалниот пазар , нудејќи излезни решенија, базирани на науката.

Од конзумеризмот како причинител, преку хроногија на природните катастрофи по светот, до нудење решенија за спас на природата и социјалните врски меѓу луѓето. Ова е распонот на темите во делата од групната изложба „ Panic Room“.

  • Зависни сме од потрошувачката култура што ни ја наметна капиталот, доведувајќи `не во состојба на активни загадувачи на природата. Ние мора да се спротивставиме на неиздржливоста на капиталистичката логика на производство и акумулација на капиталот, во услови кога гледаме дека катастрофата се шири насекаде, наоколу, вели кураторката на изложбата Лилјана Неделковска.

Уметничкиот двоец „ ОПА“, низ партиципативната инсталација „ Се грижам затоа што се грижиш“,  бараат од посетителите да се откажат од употребата на пластиката.

  • Секоја може даси земе една торба , да ја поседува . Меѓутоа , треба да потпише изјава дека ќе се придржува, или дека ќе се бори против користењето на пластиката за една употреба, објаснува Стефческа од „ OПА“.

Алтернативните извори на енергија ги нуди уметникот Никола Узуновски, низ развиениот проект „ Моето сонце“, со кој не претстави и на Венециското биенале.

  • Тоа е метафора дека сега е моментот кога се менува, или треба да се смени економијата . Од базирана на јаглен, на алтернативни или природни извори на енергија, вели Узуновски.

А, Ѓорѓе Јовановиќ низ спојот на објект –буф и видео луп, со катаклизмични прикази на уништување на животнискиот свет и загрозениот живот на луѓето, бара сите да се вклучиме во спасувањето на планетата.

  • Иднината зависи многу од нашиот личен, персонален поглед и однос кон работите и дека промените мора да дојдат преку личната трасформација, потенцира Јовановиќ.

Изложбата е базирана на документаристика и наука . А , уметнички артикулираните ставови јавноста ќе може да ги види до 5 ноември.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Македонската филхармонија вечерва во Солун со „Кармина Бурана“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе