Култура

Тина Иванова нов в.д. директор на Филхармонијата

Нов в.д. директор на нашата Филхармонија од пред викендот е  музикологот Тина Иванова, која работеше како продуцент во оваа национална установа од културата и уметноста, стои на нивната ФБ страницата.
Виктор Илиески, кој беше директор на Филхармонијата во изминативе три години, поднесе оставка поради приватно и професионално заминување во странство. Институцијата од името на сите вработени му се заблагодарува за неговите професионални ангажмани и достигнувања.
Продолжуваме непречено со работа, следете не и бидете дел од нашите концерти. Почитувајте ги протоколите за заштита, носете маски и уживајте во музиката која е дел од нашата нова сезона, а која симболично ја насловивме “Звук на два метри”, дополнуваат од Филхармонијата во објавата на ФБ.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Дејан Дејан

Силјановска: Книгите што ги читаме, на кои се навраќаме, многу повеќе говорат за нас, од било кое CV

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе