„Штанд на лагите“ и „Криминална приказна“ се видеа во кои ВМРО-ДПМНЕ и коалцијата ја споменува обвинителката на одделнието за борба против организиран криминал Вилма Русковска,а денеска ги ги гледаше судијата и јавноста во судницата како главни докази на тужителката Русковска за клевета. Целта е да се спречи клеветењето на професионалците во одредени области, вели нејзиниот адвокат.
Претходно судот одлучи да го отфрли барањето на тужителката Русковска за замрзнување на сметката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за да се задржи побаруваната сума од 10 илјади евра.
Застапникот на тужената партија ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, пак, смета дека со вакви тужби се ограничува слободата на говорот.
Судот завршните зборови ќе ги добие во петок. Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција бара отштета од 10 илјади евра, а доколку ги ќе ги подели во хуманитарни цели. Одлуката на судот ќе биде позната на 13 октомври.
Павле Беловски